ФИА: Игнорирање на потскокнувањето е погрешно

ФИА соопшти дека би било неодговорно и погрешно да не се заштитат возачите во Формула 1 од влијанието на потскокнувањето доколку не се менуваат правилата за следната година.

Федерацијата се најде на удар на критика поради доцната промена на техничките прописи за 2023 година за да помогне да се ограничи потенцијалот за потскокнување на болидите. Првата реакција беше преку воведување на остри мерки од Големата Награда на Белгија овој викенд, за да помогне да се ограничи просторот на тимовите преку кој ја контролираат висината на болидот.

Тоа се случи откако возачите се пожалија на физичката траума со која се соочуваат поради феноменот на потскокнување, а последователните истражувања покажаа дека постои потенцијал за оштетување на мозокот доколку бидат изложени на премногу тресење.

Надвор од сегашните промени, ФИА првично планираше да ги подигне рабовите на подот на болидите  за 25 милиметри за следната сезона. Тој потег предизвика повратен удар од тимовите кои сметаа дека е предоцна да се направи толку голема ревизија на дизајнот на болидите. На крајот, по дискусиите помеѓу Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем и тимовите и возачите, беше постигнат компромис промената да биде 15 милиметри.

Но, со оглед на тоа што тимовите се чини дека го имаа поткокнувањето под контрола во последните недели, некои екипи сè уште сметаат дека промените во 2023 година не се неопходни, а светскиот шампион Макс Верстапен оваа недела изјави дека смета дека промените се преголеми и претерани.

Запрашан од Motorsport.com за неговиот одговор на критиките, шефот на ФИА за едносед болиди, Николас Томбазис смета дека би било целосно погрешно да не се направи ништо и го отвора ризикот возачите да се соочат со долгорочни здравствени проблеми.

Гледаме дека генерално земено, со зголемувањето на перформансите, постои и тенденција да се зголеми тој феномен. Во исто време, тимовите учат повеќе за тоа и можат подобро да го контролираат.

Сега, мораме да се однесуваме одговорно во овој спорт. Гледаме примери на други спортови кои ги игнорирале долгорочните ефекти на одредени услови под кои го подложуваат спортистот, па сметавме дека мораме да имаме долгорочен став за ова.

Овие регулативи ќе продолжат до 2025 година, пред да одиме на новите регулативи за 2026  година и сметавме дека е подобро да се дејствува рано отколку да бидеме овде повторно да разговараме за истото за една година.

Значи, тоа беше комбинација од сите овие фактори. Плус, се разбира, направивме компромис. Претседателот на фиа силно се вклучи во целиот овој компромис и затоа мислам дека на крајот дојдовме до вистинското решение.

Но, не се сомневаме дека некои луѓе на едната страна од расправијата би рекле дека е премногу, а други луѓе ќе ни кажат дека е премалку. Тоа е нормално.

Додека голем број тимови беа особено незадоволни од првичните планови за подигнување на подот за 25 милиметри, бидејќи сметаа дека не се потребни никакви измени, тие ја прифатија помалата промена од 15 милиметри. Зборувајќи за ставот на неговиот тим кон промената, тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави:

Па, мојата сопруга често ми вели дека големината не е важна, па затоа нема да се бунам премногу околу 10 милиметри – на шега изјави хорнер.

Значи, 25 милиметри наспроти 15 милиметри, мора да живееме со тоа и тоа е она што е. Незгодно е да се воведе во овој период од годината, неверојатно е доцна, но истото е за сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ