ФИА објасни зошто Хамилтон не добил казна за сударот

ФИА објасни зошто Луис Хамилтон не добил казна за сударот од првиот круг, за кој патем превзема одговорност, кој толку многу го вознемири Фернандо Алонсо на почетокот од Белгиското Гранд При.

Шпанецот од Алпин беше бесен на својот поранешен колега откако имаа дуел на Кемел правецот во првиот круг, а на Лес Комбс кривината, Хамилтон се обиде да мине од надворешната страна, но преостро сврте и “затвори врата“ иницирајќи судар. Нандо продолжи со совјата трка, но поради штетата од контактот и потскокнувањето, Луис мораше да го паркира оштетениот Мерцедес и да донесе безбедносно возило на патеката.

каков идијот што затвора пат од надворешна страна. имавме супер старт, ама овој знае да вози само кога тргнува од прво место – бесен беше алонсо во комнуникација со својот тим преку радиото.

Стјуардите на ФИА го истражуваа инцидентот, но сметаат дека доминантна вина нема кај ниту еден возач поради фактот што вакви судари се толерираат кога се случуваат во првиот круг од трката.

стјуардите го анализираа видео доказот и решија дека алонсо беше во внатрешниот дел на 5та кривина, а предните тркала на хамилтон беа пред болидот на алонсо при влезот во боксот.алонсо го помрдна болидот во внатрешниот дел и ги качи тркалата целосно на тротоарот и во ниту еден момент не личеше дека загубил контрола или имал подуправување. хамилтон заврти кон врвот на кривината, алонсо беше крај него и дојде до судар.

стјуардите сметаат дека како инцидент од првиот круг кога има многу движење ие претекнување, никој не е виновен и поради тоа нема казна за никого – гласи соопштението од сјуардите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ