ФИА откри дека шест производители се обврзале за 2026

ФИА откри дека шест производители се обврзале да доставуваат мотори на гридот од 2026 година, вклучително Ред Бул Форс, Хонда и Ауди.

Следната генерација на мотори во тркачката серија ќе дебитира во 2026 година и ќе има силен акцент врз оджливи горива и многу поголема електрификација од она што е случај во моментов. Разговорите со постоечките и новите производители се во тек некое време, правилата се “пеглаат“, а ФИА откри кои шест компании веќе се обврзале на учество во иднина.

Ауди своето доаѓање во Формула 1 го потврди во Септември, а месецов купи и 25% удел во швајцарски Заубер кој ќе биде нивни пртнер за изработка на шасијата. Официјална потврда има и од Ред Бул Форд кои на промоцијата минатата недела потврдија дека ќе почнат да соработуваат од 2026 година и новата генерација на агрегати.

Во моментов Ред Бул соработува со Хонда, но тоа ќе биде случај до крајот на тековната генерација на мотори, затоа што јапонците се пријавија како снабдувачи за во иднина, иако сеуште не се знае на која екипа ќе и доставуваат мотори.

Во Формула 1 ќе продолжат и Алпин кои се фабричка Рено екипа, а моторот го добиваат од Вири, фабриката за мотори со високи перформанси на Рено. Ферари, како што објавивме, се договорил со Федерацијата и ќе остане во Формула 1 и во иднина, исто како и Мерцедес.

тие компании ќе ја снабдуваат следната генерација формула 1 мотори од 2026 година согласно новите спортски и технички правила кои се објавени од наша страна.

потврдата дека ќе имаме шест производители на гридот од 2026 година е потврда на силата на првенството и одличните технички правила создадени од фиа во соработка со формула 1 и самите производители. моторите ќе бидат последна технолошка иновација, така што иднината на формула 1 ќе биде одржлива и ќе донесе спектактулатно тркање.

благодарен сум на довербата на водечките автомобилски производители во светот кои покажаа голема посветеност кон формула 1 – изјави првиот човек на фиа, мохамед бен сулајем.

Растот на интересот на производителите доаѓа во време на глобален бум на тркачката серија, особено во САД каде популарноста се должи на фантастичната серија на Нетфликс. Гигантот Џенерал Моторс исто така има план за влез во Формула 1 со Андрети Глобал и тоа беше официјално потврдено минатиот месец, но на почетокот, нивниот бренд Кадилак, ќе соработува со некој производител од гридот и веројатно само ќе го ребрендира моторот.

Интерес покажа и Порше, но нивните преговори со Ред Бул беа откажани откако двете компании не можеа да се договорат околу контролата на тркачката екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ