ФИА признава: Може да го смениме Маси

За прв пат се појавија гласини од ФИА дека Мајкл Маси може да биде заменет оваа сезона. 

Според Питер Бауер, се отвора можност за носење на нов Директор за трка во 2022 година по одлуката на Маси на последната трка во Абу Даби да ја рестартира трката со која директно влијаеше на исходот на шампионатот. Новиот претседател на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, започна истрага и извештајот треба да е готов на 18 Март. 

Мајкл неколку пати одлично си ја заврши работата и Му го кажавме тоа, Но има можност да го замениме. Размислуваме да се поделат работите на директор на трка кој во моментов е спортски директор, безбедносен и технички делегат. ТОа е премногу и Мора да ги поделиме работите – посочи бауер.

Маси минатата недела претседавал со состанокот на ФИА на спортскиот комитет околу користењето на безбедносното возило во иднина. Бауер потврди дека се размислува за различни начини на користење на безбедносното возило и се повика на правилата во Наскар. 

Доколку се појави безбедносно возило во последните два круга, тие ќе бидат додадени по завршувањето на фазата безбедносно возило, Но ова може да предизвика проблем со горивото и мора да внимаваме.

Побаравме од тимовите да ни кажат дали сеуште сакаат трки да завршуваат под безбедносно возило и се согласивме за тоа. 

Бауер потврди дека комуникацијата помеѓу тимовите и Контрола на трка ќе биде дозволена само за неколку вработени во тимовите. 

Менаџерите ќе може да поставуваат прашања. Мора да го намалиме бројот на луѓето кои може да комуницираат. Директорот на трка ќе мора да се концентрира на неговата работа и да не биде дефокусиран. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ