Физикела смета дека само Леклер е на ниво на Верстапен

Поранешниот Формула 1 возач, Џанкарло Физикела, смета дека единствено Шарл Леклер е на нивото на Макс Верстапен во моментов и може да се спореди и носи со него.

Холанѓанецот е во фантастична серија, освои две титули и е на прагот на 3та станувајќи доминантна сила во спортот со својот Ред Бул тим.

Од друга страна, Физикела беше нејуспешен додека возеше за Рено во 2006 година и заврши на 4то место кај возачите и се смета за еден од најдобрите во историјата кога се споредува летечки квалификациски круг.

брз е на мокро, брз е на суво, силен е на квалификации и на трка, целосен возач. има фантастичен успех и ако се земат во предвид неговите постигнувања, тој е многу подобар од некои поискусни. сметам дека само шарл леклер може да се спореди со макс, но возач како верстапен се раѓа еднаш во 20 години – посочи џанкарло.

Откако беше експресно прекомандуван од Торо Росо во Ред Бул по само една сеона, тој донесе победа за “биковите“ уште на првата трка, а најсилен впечаток остави во 2021 година и епската борба на секоја трка против Луис Хамилтон кога додје до својот првнаслов.

На почетокот од кариерата беше многу склон кон грешки и редовно критикуван, но како што стекнуваше искуство, драстично напредна во сите области.

верстапен е огромен талент уште откако почна да се трка во картинг, стигна во формула 1 со 17 години и победи на првата трка откако беше промовиран во ред бул од торо росо на 18 години и 7 месеци. што повеќе да се каже на некој со таква кариера?

на почетокот имаше доста судари, неочекувани грешки, но сега речиси и да не греши. стекна неверојатно искуство и константност во перформансите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ