Фитипалди добива две сесии со Хаас

Пиетро Фитипалди ќе добие две петочни тренинг сесии со американски Хаас до крајот на оваа година со што тимот ќе биде во можност да ги испочитува правилата.

Сите екипи се обврзани да дадат најмалку две петочни тренинг сесии на дебитанти со помалку од две Гранд При трки зад себе. Фитипалди е подолго време резерва на Хаас и до крајот на годината ќе добие сесија еднаш во болидот на Магнусен, а потоа и во болидот на Мик Шумахер.

Бразилецот веќе има искуство со овогодинешниот болид на тимот затоа што учествваше на предсезонскиот тест во Бахреин.

возбуден сум што можам да потврдам дека ќе возам во петок во мексико и во абу даби. сакам да им се заблагодарам на хаас за можноста. го возев нивниот болид на почетокот на сезоната во бахреин, но сакам уште една шанса за да го почувствувам напредокот. се работи за многу брз болид кој сум нетрпелив да го возам во мексико и абу даби – изјави пиетро.

Тој има два Гранд При стартови зад себе, но според Формула 1 правилата таквиот статус му даваат право да биде дебитант. На Шакир во 2020 година бразилецот го менуваше Роман Гросжан кој се опоравуваше од страшната несреќа.

Претстојниот викенд во Америка на КОТА, Хаас во Петок ќе му дадт шанса на Антонио Џовинаци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ