Фитипалди наместо Гросжан на овалите

Бразилскиот резервист на Хаас, Пјетро Фитипалди, ќе биде замената за Роман Гросжан на овалните трки во Индикар откако французинот најави дека нема да вози на таквит еавтодроми.. 

Французинот премина во Индикар откако ја напушти Формула 1 на крајот на минатата година, но тој ќе вози само на уличните трки. Роман смета дека овалите носат голем ризик за негои и не сака да вози на нив, особено по ланскиот силен судар кој го имаше на Шакир. 

Колку и да сакам да победам на Инди500, мислам дека тоа носи ризик, несреќите се луди. Не велам дека возачите се повредуваат, но кога возиш со 340-350 километри на час, секако има голем ризик.

Друг фактор на одлучување беше инцидентот од Бахреин. Кога имав 25 години и немав деца не беше проблем да возам цела сезона. Сега сум татко на три деца и за само 3 минути тие мислеа дека останале без татко – појасни гросжан.

Тој ќе вози само на 13 од 17 трки во календарот додека на останатите на негово место ќе биде Фитипалди.  Внукот на двократниот шампион Емерсон, веќе го менуваше Гросжан на последните две трки минатата сезона. Во болидот на Хаас тој дојде до 17та и 19та позиција на Шакирското Гранд При како и трката во Абу Даби. 

Фитипалди веќе возел во Индикар во 2018 година, но не успеа да комплетира сезона поради инцидентот од ВЕЦ на Спа каде ги скрши двете нозе. Тој останува резервен возач за Хаас во 2021 година 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ