Фитипалди смета дека е многу тешко да се биде возач на Ферари

Двократниот Формула 1 првак, Емерсон Фитипалди, изјави жалење за Шарл Леклер и Карлос Саинз поради притисокот под кој се наоѓаат како возачи на најславниот и најтрофејниот Формула 1 тим.

Ситуацијата во Маранело не е добра периодов, екипата очекуваше сериозно да нападне за титула од почетокот на годинава по силниот старт лани, сезона која беше уништена од технички проблеми, стратешки грешки и возачки проблеми. Екипата годинава како да назадуваше споредено со Ред Бул и по првие четири одработени трки имаат само еден подиум, а најголем проблем е темпото на трка и менаџирањето на гумите.

Квалификациите е нешто на што може да бидат среќни, ги освоија двете пол позиции во Баку и се рамо до рамо со со болидот на Ред Бул, така што дефицитот е дефинитивно трката.

мислам дека карлос саинз и шарл леклер се под огроен притисок од очекувањата кои се огромни во ферари, цела италија очекува многу од нив, како и сите фанови на ферари низ светот.

ферари значи страст за тркање и кога ќе влезете во формула 1 падокот, нивниет механичаеи се најмногу горди што ја носат црвената униформа кој носи многу историја, но исто време, од нив се бараат резултати. не е важно во која улога сте во тимот, притисокот во ферари секаде го има – посочи бразилецот.

Шампионот од 1972 и 1974 година верува дека за откажувањата на Скудерија вообичаено се виновни возачите кои се под најголем притисок, што сме го виделе во случајот со Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел, докажани шампиони кои доживејаа целосен пораз.

една работа се случува секогаш кога на ферари не му оди добро, го обвинуваат возачот, така е историски, а тоа создава огромен притисок кој е поголем над него одошто на целиот тим. тоа е мое мислење.

возачите на ферари се по далеку поголем притисок одошто било кои други гранд при возачи, мора да се секогаш на висина на задачата и да испорачуваат врвни резултати. од нив се очекува многу и тоа прави многу тешка средина за работа.

претешко е да се биде возач на ферари. јас секогаш сум сонувал да возам за нив, но знам под колку голем притисок се наоѓаат.

Анализирајќи ги последните години на Ферари, бразилецот посочи:

мислам дека она што се случило последниет две години со стратегијата на ферари е дека се случија многу грешки и сето тоа создаде и поголем притисок над возачите. во многу тешка позиција се наоѓаат и не им е лесно да работат така.

сон е да се биде возач на ферари, но тоа доаѓа со огромен притисок. карлос саинз е под голем притисок од италијанските медиуми, фановите, од сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ