Фитипалди: Среќен сум со мојата прва трка во Ф1

Тимот на Хаас Ф1 беше севкупно задоволен со солидните перформанси на Шакир, на втората трка во Бахреин.

Кевин Магнусен стартуваше од 15то место, задржувајќи ја позицијата до крајот на трката. Пиетро Фитипалди, кој го замени повредениот Роман Гросжан, стартуваше од 20то место и се пласираше на 17та позиција.

Бразилецот изјави дека главната цел викендов била да се заврши трката, во што тој успеал. Тој исто така истакна колку било тешко да се добие шанса во Формула 1 и смета дека научил многу пред неговата следната трка со тимот на Јас Марина во Абу Даби.

Среќен сум што ја завршив мојата прва трка, тоа беше целта. Имав добра борба до Џек Аиткен, а и Кевин беше пред мене. Добро беше да бидам во дуели. Моето темпо беше добро од средината на трката до крајот.

По рестартот се обидов да се борам, но бев свесен во исто време дека целта е да завршам. Научив многу за мојата следна трка, тоа е најважно. Многу е тешко во денешницата да се стигне до Формула 1, но јас можам да кажам дека завршив Формула 1 трка. Му благодарам на тимот за можноста.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ