Формула 3 болидот на Шумахер на продажба

Формула 3 болидот со кој Михаел Шумахер стана првак во 1990 година е на продажба, а цената на едноседот со 185 коњски сили сеуште е непозната.

Се работи за Рејнард 903 на екипата ВТС кој Црвениот Барок го возеше годината кога стана германски Формула 3 првак кој има мотор на Опел и според информациите од продавачот е целосно подготвен за возење.

Михаел ја одработуваше својата втора Формула 3 сезона таа 1990 година кога победи на пет од одржани 11 тркаи вклучително и победа против Мика Хакинен со кој ќе имаат битки за титула и во Форула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ