Фредерик Брусо е нов главен оперативен директор на Вилијамс

Тимот на Вилијамс назначи нов главен оперативен директор како дел од тековното реструктуирање планирано за да се искачат во шампионатот на конструктори.

Лошата адаптација на новите регулативи за земјен ефект за 2022 година го оставија Вилијамс неконкурентен минатата сезона поради што заврши на дното со осум поени, во споредба со 35 за АлфаТаури кои финишираа место пред нив. Тоа доведе до заминувања извршниот директор и тимски шеф Јост Капито по неговите две години на чело. Него го следеше долгогодишниот сојузник од Фолксваген Моторспорт, Франсоа-Ксавиер Демаисон, кој беше ослободен од должноста технички директор на Вилијамс.

Техничкиот оддел беше дополнително намален со заминувањето на шефот за аеродинамика Дејвид Витер, кој беше во тимот од почетокот на 2014 година. Додека тимот сè уште е без постојан нов технички шеф, директорот за дизајн Дејв Ворнер ја зазеде главната улога на привремена основа.

Во меѓувреме, ангажирањето на нов технички директор е главен приоритет на новиот тимски шеф, Џејмс Воулс, кој беше поранешен шеф на стратегијата за Мерцедес. Како дел од неговото долгогодишно реструктуирање, сопственикот на Вилијамс, Дорилтон Капитал, сега го регрутираа Фредерик Брусо како главен оперативен директор на тимот и тој ќе ја започне новата улога во Април.

Брусо пристигнува по 26 годишна кариера во воздухопловната индустрија, откако му се придружи на познатиот производител на млазни мотори Прат и Витни во 1997 година. Тој работеше до извршно ниво пред да биде назначен за потпретседател за операции на компанијата во Април 2022 година, надгледувајќи ги и механизмите на снабдување.

Метју Севиџ, претседател на одборот на Вилијамс Рејсинг изјави:

Многу сме возбудени што ќе го донесеме Фредерик како енергичен и искусен лидер кој може да помогне во трансформацијата на Вилијамс Рејсинг.

Тој ја започна својата кариера работејќи во фабриката, а неговата последна улога го виде да се грижи за воздухопловните операции во светот, вклучително и водење на повеќе производствени локации низ целиот свет и операција со повеќе од 10,000 вработени. Очекувам тој значително да придонесе за нашата иднина во Вилијамс Рејсинг.

Брусо додаде:

Нема подобро чувство од тоа да тргнете на сосема ново патување и да работите кон остварување на вашите соништа.

Ова беше возбудлив почеток на сезоната и со нетрпение очекувам да се приклучам на тим со такво Формула 1 наследство.

Нестрплив сум да започнам и да придонесам за градење на иднината на организацијата заедно со сите во Вилијамс Рејсинг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ