Ф1 ќе го изложи уништениот болид на Гросжан

Шасијата на болидот на Хаас кој го возеше Роман Гросжан на неговата огромна несреќа на Големата Награда на Бахреин во 2020 година ќе биде прикажана на целосно новата изложба на Ф1 во Мадрид.

Возачот на Хаас удри во бариерите на патека во Бахреин со брзина на контакт од приближно 195 километри на час во првиот круг од трката. Неговиот болид веднаш се запали, а французинот беше заробен внатре 28 секунди додека медицинскиот тим на ФИА составен од доктор Иан Робертс и Алан ван дер Мерве се бореа да го ослободат возачот.

Откако болидот беше држен во тајност три години, во блиска соработка со Хаас беше дадена дозвола за ова уникатно парче од историјата на Ф1 да биде поставено пред јавноста. Сеќавајќи се на неговата несреќа во интервју за Формула 1 изложбата, Гросжан рече:

Од моја гледна точка, тоа беше голема несреќа, но не го почувствував ударот или колку беше насилен однадвор.

Следниот ден побарав некој да ми покаже како изгледало тоа. Мојата сопруга всушност ја гледаше таа трка со татко ми и моите деца. Целиот живот ќе го паметат тој момент. Тие беа само гледачи кои чекаа да слушнат нешто, чекаа да видат нешто од Бахреин.

Морав да го скршам потпирачот за глава, удирајќи го со шлемот и на крајот успеав да ја протнам кацигата и да станам од седиштето. Сфатив дека мојата лева нога е заглавена во шасијата и ја повлеков колку што можев посилно. Мојата патика остана во шасијата, но моето стапало се ослободи па можев да излезам од болидот.

Тоа беа120 килограми гориво плус батеријата, а и двете беа запалени. Доктор Иан Робертс, Алан од медицинскиот автомобил и еден пожарникар се обидуваа да отворат празнина во огнот за да ми помогнат да излезам. Верувам дека тоа ми помогна барем да добијам перспектива за тоа каде треба да одам и каде е излезот.

Кокпитот е тука за вас во случај на огромен удар. Бев недопрен внатре во школката. Шасијата е сè уште едноделна, ореолот е таму и освен оштетувања и изгореници се беше како што треба. Претпоставувам дека тоа ми го спаси животот.

Изложбата ќе содржи и досега невидена снимка од несреќата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ