Хаас го раскина договорот со Мазепин

Хаас Формула 1 тимот објави дека го раскинале договорот со нивниот возач Никита Мазепин и нивниот главен спонзор Уралкали.

Хаас Ф1 одлучи веднаш да го прекине договорот со Уралкали и со Никита Мазепин. Целиот Ф1 свет е ужаснат од инвазијата на Украина и очекува брза и мирна развршница на конфликтот.

Сеуште не се знае кој ќе го замени Мазепин покрај Мик Шумахер и таквите вести се очекуваат во текот на наредната недела.

На 10 март во Бахреин започнува предсезонскиот тест и првата трка се вози на истата патека на 20 март.

Во четвртокот беше потврдено дека Формула 1 го раскина договорот со организаторот на трката во Русија и тоа значи дека во иднина нема да има трки во Русија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ