Хаас: Коментарите за Б тим се како расипана лента

Гунтер Стаинер, тимскиот шеф на американски Гаас, изјави дека коментарите од ривалските тимови дека тие се Б тим на Ферари се како расипана лента. 

По тешката 2021 година, тимот целосно се посвети на новиот болид под нови правила и имаа одличен старт со петто место во Бахреин за Кевин Магнусен. Но, поради блиската соработка со Ферари, тимот често беше нарекуван втор тим на Ферари. 

Доколку си добар, тогаш копираш, доколку си лош на никој не му е гајле. Тоа сме го слушнале и претходно. Како расипана лента и Не ми е гајле за тоа – објасни стаинер.

Иако 5та позиција на отварањето на сезоната на Магнусен беше најдобриот резултат за Хаас во текот на годината, тимот заврши на осма позиција со 37 поени. Со ова, екипата ќе добие дополнителни финансиски средства и доби нов спонзор MoneyGram. 

2020 година не беше лесна година поради пандемијата, Но мислам дека сега сме во добра позиција, Подобри од претходно поради лимитираниот буџет. Не сме конкурентни, но мислам дека сме изедначени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ