Хаас може и без Мазепин

Откако Хаас го раскинаа договорот со Никита Мазепин и главниот спонзор Уралкали, се претпоставува дека тоа ќе ги чини американците околу 10 милиони долари, но сепак, тоа е помалку од 1/4 од она што Џин Хаас го дава во екипата.

Како реакција на руската инвазија на Украина, Хаас објавија дека го прекинуваат договорот со Уралкали и Мазепин. Џејк Кемп кој е спортски аналитичар за ГлобалДата изјави: 

Еден од најзасегнатите тимови е Хаас. Губењето на Никита Мазепин не е многу штетно бидејќи тој немаше доволно добри перформанси во тимот и губеше од Мик Шумахер. Единствена штета е спонзорството што е околу 10 милиони долари годишно.

Тие сега ќе бидат на ниво на АлфаТаури по бројот на спонзори. Тие се бореа за крајот на гридот и со губењето на спонзорот мислам дека ќе имаат повторно слична ситуација. 

Хаас бара замена за Мазепин, но екипата е сигурна дека може и без милионите на Уралкали. 

Друга промена на Хаас се боите на болидот, бидејќи претходно тој беше обоен во боите на руското знаме и тоа го нема повеќе. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ