Хаас нема да ја менуваат шарата и покрај проблемите на Рич Енерџи

Американската екипа Хаас нема намера да ја менува шарата на својот болид откако нивниот главен спонзор, Рич Енерџи загуби судски спор од Вајт Бајкс поради недозволено користење на исто лого како производителот на велосипеди.

Вајт Бајкс ја добија борбата во судот во Лондон окако поднесоа тужба за прекршување на авторските права велејќи дека американците имаат речиси идентично лого како нив. Понатаму тие може да го запленат логото и да забранат користење на истото, како и да бараат дел од профитот на компанијата за производство на енергетски пијалоци.

Одлука по поднесената жалба следува следниот месец, а од Рич Енерџи демантираат дека добиле некаква наредба да престанат да го користат логото на сите свои реклами.

ни беше кажано дека кога ќе треба да промениме нешто тоа ќе ни биде јасно посочено. секако дека проверуваме се и правиме се што ќе ни се каже. немаме проблеми со логото, рич енеџи има проблем и не гледам како тоа ја менува ситуацијата за нас.

јас нема да се мешам во нивните проблеми затоа што не им треба да им ги решавам. во монако го задржуваме логото, така ни беше кажано и доколку се одлучи поинаку подготвени сме да реагираме – објасни гунтер стаинер, шефот на тимот.

Судот беше особено критичен кон Главниот извршен директор на компанијата, Вилијам Стори, а тој не е загрижен дека спорот на некој начин ќе влијае врз бизнисот.

преферирам да не ги судам луѓето  од тоа што го велат и тоа што го прават. како што знаете либерален сум во тој поглед, не се обидувам да кажам кој бил во право, а кој не, тоа не е мој стил.

судот имаше свое мислење, а рич енерџи како што јас разбрав имаат право на жалба и ќе го искористат тоа право. мислам дека ќе почекаме се да се среди за да донесеме заклучок. судот му пресуди на вилијам, но што имам јас со тоа, тој не ми згрешил на мене ништо. тоа е моето мислење.

тој направи се што договоривме. брендот рич енерџи е поголем од вилијам стори по мене така што јас сакам се ова да заврши.

Гунтер е незадоволен поради тоа што тужителот Вајт Бајкс собрале многу добар публицитет користејќи го името на Хаас Формула 1 тимот во нивните дописи до медиумите.

мислам дека е лесно за вајт бајкс да “ќарат“ публицитет во моментов со споменување на формула 1 болид без да даваат пари за тоа. може да добијат уште поголем публицитет, но ние не сме активно вклучени во ова затоа што не сме погрешиле ништо.

нашиот болид е тука и со него нема ништо погрешно и поради тоа јас не се жалам на ништо. не сме обвинети за ништо, проблемот е само во нацртното лого од друга компанија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ