Хаас не знаат дали Хулк би прифатил да вози за нив

Нико Хулкенберг беше прекуброен во Рено и замина од тимот по крајот на минатата сезона, а следуваше период во кој не успеа да се вдомин во некоја екипа по што се откажа од спортот.

Но, Рејсинг Поинт го активираа како замена за Ковид-19 позитивниот Серхио Перез и германецот одлично се покажа во своето прво влегување во Формула 1 болид по подолго време, по што многумина во падокот изјавуваа оти на Нико местото му е во спортот.

Нико во Британија потврди дека преговара со две екипи, американски Хаас и швајцарски Алфа Ромео, а во врска со возачко место за следната година. Сепак, Гунтер Стаинер е несигурен дали Хулк би прифатил да вози за нив со оглед на перформансите кои ги имаат годинава.

неколку пати разговарав со него и одлично се сложуваме. во моментов немаме добри перформанси и мора самиот да реши дали возење за нашиот тим ќе му одговара. тој е одличен возач – изјави стаинер за германски Sky.

Хулкенберг има 178 Гранд При трки зад себе, но никогаш нема топ 3 пласман, односно подиум. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ