Хаас не можат да му дадат тест на Гросжан

Гунтер Стаинер изјави дека Хаас не се во можност да му дадат тест за збогум на Роман Гросжан, бидејќи немаат стари болиди и се надеваат дека Ферари ќе му понудат тест на нинвиот довчерашен возач. 

Гросжан ги пропушта последните две трки оваа сезона поради повредите на рацете предизвикани од страшниот судар во Бахреинското Гранд При пред две недели. 

Формула 1 кариерата на Грозжан заврши порано од предвидениот крај на сезоната. Французинот изјави дека нема да настојува да вози во Абу Даби бидејќи здравјето му е поважно. 

За жал имаме стари болиди, но немаат мотор во нив и не може да му понудиме тест на Гросжан. Можеби во иднина ќе можеме да му понудиме нешто, но не можам да ветам – разочарано откри стаинер.

Мерцедес се понудија да му дадат тест на Гросжан во некој постар болид доколку ниту еден тим не биде во можност да му понуди. Стаинер се надева дека на Гросжан ќе му биде понуден тест од Ферари, кои ги снабдуваат Хаас со мотори. 

Се надевам дека ќе зборувам со Ферари за да вози некој нивни постар болид на некој настан. Мислам дека тоа е можно.

Тоа е полесно отколку ние да подготвиме болид бидејќи тие имаат оддел кој се занимава со тоа. Ние немаме ресурси во моментов. Кога ќе закрепне ќе видиме што може да направиме. 

Гросжан се врати во Швајцарија на почетокот на неделава каде ќе продолжи со третманите на неговите изгореници на рацете. Откако ќе закрепне има дозвола да вози болид стар најмалку две години. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ