Хаас одбил да го спонзорира Гросжан: Не ти давам пари да се убиеш

Џин Хаас изјави дека тој сакал да го спонзорира обидот на Роман Гросжан во Индикар, но се повлекол од својата намера по инцидентот во Бахреин. 

Гросжан работеше на обезбедување договор во ИндиКар уште пред несреќата без да знае дали ќе му биде обновен договорот со Хаас. Тој побарал од Џин Хаас да го спонзорира него и американецот начелно се согласил, но подоцна се премислил. 

Тој ме праша дали сакам да го спонзорирам и му ја дадов мојата согласност, Но подоцна имаше несреќа во Бахреин и јас се повлеков бидејќи не сакам да се убие.

За некој што целосно го уништи болидот тој мора да е среќен што преживеа. Не знам, тој има жена и три деца и му реков дека нема да му дадам пари да се убие.

Мислам дека треба да седи дома со семејството. Доколку го разбереме инцидентот, неколку сантиметри на другата страна и ќе беше готов. Има многу среќа, Тимот имаше многу среќа. Не би можел да погледам во лице на вдовица или неговите деца. Му реков да седи дома – објасни хаас.

Гросжан сепак најде место во Индикар, но нема да се натпреварува на овалните патеки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ