Хаас се првиот тим со хологиран болид за 2023

Хаас стана првиот тим во Ф1 чиј болид од 2023 година ги помина соодветните тестови за хологизација на ФИА.

Од Хаас велат дека носот и шасијата за нивниот болид од 2023 година се хомологирани откако ги поминале безбедносните тестови на ФИА.

Ова ќе го направи Хаас првиот Формула 1 тим кој доби зелено светло од глобалното раководно тело на моторспортот да продолжи со развој на својот болид во 2023 година.

Хаас заврши на осмото место во шампионатот за конструктори во 2022 година, а зад воланот на ФВ-23 следната година го имаат искусното дуо од Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ