Хаас сметаат дека е лошо да се тргнат воздушните тунели

Се повеќе се зборува за целосна забрана за воздушните тунели од 2030 година, но аеро шефот на Хаас, Арон Мелвин верува дека тоа е против ДНКто на спортот. 

Тоа е една од главните точки кои ќе се кратат за да се намалат трошоците на тимовите и да се исполнат еколошките норми. Планот е спортот целосно да се потпре на компјутерската динамика (ЦФД), а веќе осум тимови го подржуваат овој предлог. 

Во последните години, тимовите ги користат и ЦФД и воздушниот тунел за дизајнирање на болидите, но се повеќе се вртат кон компјутерите за да ја исполнат целта да бидат карбон неутрални. Мекларен и Астон Мартин инвестираат во нови тунели за нивните болиди кои ќе се развиваат во наредните години. 

Правилата ќе мора да се променат за да останеме како што сме сега. Болидите се доста солидни во моментов и само може да се подобрат. Имаме брзи болиди со многу мало тестирање во тунел, но мора да имаме на ум дека тоа и е потребно на серијата. Брз болид не е можен без воздушен тунел – посочи аеродинамичарот мелвин.

Воздушен тунел го чини секој тим еден милион фунти. Покрај тоа тука е и дополнителниот персонал за самиот тунел и за правење на макетата. 

Не верувам дека се работи за намалување на трошоците. Имаме правила кои охрабруваат користење на ЦФД. Мора да се најде баланс.

Не треба да се забрани тунелот туку само да се направи да работи со помала инвестиција. Дискусиите за екологијата се нецелосни и нема потреба да се зборува за воздушниот тунел. Тоа може да се постигне и без него. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ