Хакинен очекува титула од Ботас годинавa

Мика Хакинен има многу високи очекувања од Валтери Ботас за оваа сезона, очекува неговиот сонародник да освои шампионска титула.

Валтери заврши на второ место во возачкиот поредок лани, веднаш зад својот тимски колега во сезона во која имаше четири победи, рекорд во кариерата во текот на една сезона.

Хакинен е дел од менаерскиот тим на Ботас и тврди дека тој многу ќе се подобри сезонава и ќе нападне за наслов.

валтери е во одлична позиција во мерцедес. тој е фантастичен, одличен возач и јас сум убеден дека сезонава ќе биде подобар од било кога. имам многу високи очекувања од него, јас сметам дека ќе биде шампион оваа сезона.

поради тоа работиме многу напорно сите овие години, сите квалитети и алати му се ставени на располагање, а тој е послушен, дава се од себе и работи многу напорно – откри мика.

Ботас, но и Хамилтон имаат договорни обвркси кон Мерцедес само до крајот на оваа сезона, а Тото Волф веќе неколку пати ја демантираше можноста од доаѓање на Себастијан Фетел во тимот. Запрашан да го коментира евентуалното пристигнување на германецот во тимот, Мика дополни:

ако сака да победува, веројатно размислува за мерцедес.

неговата возраст не е проблем, сеуште е доста млад. имаше големо разочарување во ферари, тимската работа недостасуваше од негова страна и повеќе не уживаше во тимот како порано. беше многу критикуван во тимот и тоа расипа се.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ