Канада, Т1: Ботас најбрз во прекината сесија

Валтери Ботас беше најбрз на првата тренинг сесија за Големата Награда на Канада во сесија без многу активности.

Само неколку минути по планираната 60 минутна сесија, беа истакнати црвени знамиња поради Пјер Гасли, кој претрпе очигледен дефект на погонското вратило во неговиот прв круг надвор од боксот.

Иако сесијата требаше да продолжи, очекуваното рестартирање не се случи бидејќи дефект на CCTV системот ја натера ФИА да ја прекине сесијата поради безбедносни причини.

Имаше шпекулации да се додадат дополнителни 30 минути на втората тренинг сесија подоцна.

Во неколку кругови кои беа комплетирани, Ботас постигна најбрзо време пред Ленс Строл и Фернандо Алонсо за Астон Мартин бидејќи само 12 возачи извозеа кругови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ