Хакинен: Формула 1 ќе има корист од казната за Ред Бул

Поранешниот, двократен Формула 1 првак, финецот Мика Хакинен, смета дека можеби Ред Бул добиле негативен публицитет поради прекршувањето на буџетот, но сепак, спортот добил многу за нивната иднина. 

Најпрво ми е мило што конечно заврши процесот и Ред Бул ја прифатија казната. Според правилата, одлуката е јасна и нема сива зона. Мислам дека сите прифатија дека има мал и голем прекршок. Казната на Ред Бул е за мал прекршок. 

Мислам дека тимот нема да ризикува во иднина и да го повтори ова. Формула 1 ќе има корист од ова на долг рок бидејќи сите тимови ќе се грижат да немаат негативен публицитет – смета мика.

Минатиот викенд, Хорнер беше загрижен поради лошите шпекулации кои се појавија во Сингапур, а кулминираа во Мексико. 

Обвинувањата беа негативни за сите членови на тимот. Не е во ред да протекуваат информации. СИте научивме од ова. Нашите возачи беа исвиркувани и дефинитивно  Се работи за нарушена репутација. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ