Хамилтон активно работи со Бред Пит околу новиот филм

Луис Хамилтон откри дека во моментов помага да се одбере колегата на Бред Пит во филмот за Формула 1 кој ќе почне да се снима оваа година.

Холивудската легенда Пит, минатиот Октомври беше гостин на Американското Гранд При каде заедно со режисерот Џери  Брукмаер и режисерот Џо Косински и сценаристот Ехрен Кругер, го претставуваат проектот на челниците на спортот.

Седумкратниот првак Хамилтон е еден од процеднтите, но и советник на проектот преку својата компанија Dawn Apollo Films. Тој откри последни детали околу работата за филмот кој ќе почне да се синма на тркачките викенди сезонава.

во моментов сме во постапка на одбирање на глумец кој ќе глуми крај бред, што е многу возбудливо. во основа имаме аудиција и бираме лик, но имаме и снимки од нивно глумење кои ги гледаме. седам во канцеларија со џери, џо и бред, гледаме видеа и сите го кажуваме нашето мислење – откри луис.

Филмот во кој главна улога ќе биде Пит, ќе раскажува приказна за ветеран Формула 1 возач кој ќе биде ментор на млад и надежен пилот. Хамилтон смета дека негова одговорност како дел од проектот е да биде сигурен дека екипата ќе биде разнолика и поради тоа сака повеќе жени во улогите.

сакам да направиме филм со разноликост и реално претставување, сакам да биде онаква каква што формула 1 треба да биде во иднина или треба да биде сега, ама не е. сакам да видам женски механичари, женски воазачи, но не сме стигнато до таму сеуште.

во моментов имаме сценарио на филмот и разгледуваме некои опции, но чекаме да се корегира и тоа е процес кој бара време, а започна на божиќ. возбудливо е, јас сум возбуден за она што следува. разговарав со бред синоќа околу карактерите кои треба да се појават.

Во Октомври за време на трката во Тексас, Луис најави дека филмот ќе биде најдоброто нешто снимено за Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ