Хамилтон бара ФИА да интервенира во доминацијата на Ред Бул

Седумкратниот шампион смета дека ФИА треба да интервенира за да ги спречи тимовите доминантно да се оддалечат од ривалите.

Луис Хамилтон ја повика ФИА да наложи време за почеток кога Формула 1 тимовите ќе можат да започнат со развој на болидот за следната сезона поради стравувањата дека Ред Бул веќе е фокусиран на 2024 година.

Ред Бул се големи фаворити за освојување на двете титули, откако победија на сите девет трки досега оваа сезона и поради нивната голема предност, Хамилтон верува дека тимот од Милтон Кинс веќе го префрла вниманието кон болидот за следната година.

Возачот на Мерцедес смета дека ова може да донесе дополнителна предност за Ред Бул, особено затоа што Сребрените Стрели се вмешани во борба за второто место со Астон Мартин и Ферари.

Болидот се движи во вистинската насока, мислам дека малку по малку на крајот на годината, веројатно ќе го фатиме Ред Бул – изјави Хамилтон.

Но, тоа е веројатно затоа што тие веќе се фокусираат на болидот од следната година. Тие се толку далеку напред, не мора повеќе да прават никакви промени на овој болид.

Мислам дека ФИА веројатно треба да постави време кога на сите ќе им биде дозволено да почнат да го развиваат болидот за следната година.

Да кажат на пример, 1ви август, оттаму сите можат да почнат за никој да не може да добие предност следната година, затоа што тоа е лошо.

Тоа би имало повеќе смисла.

Никогаш не сме почнале рано како нив, и тоа треба да се смени бидејќи затоа имаат доминација толку долго и ФИА постојано дозволува тоа да се случува.

Ферари беше напред и истото се случи таму, истото со Ред Бул и Себастијан Фетел во минатото, тие почнуваат порано, така што секогаш се напред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ