Хамилтон ветува автентичност во филмот на Бред Пит

Луис Хамилтон ветува автентичност за обожавателите со неговиот нов Формула 1 филмски проект, но бурните шпекулации за Бред Пит како вози вистински болид на тренинзите беа неточни.

Седумкратниот шампион е продуцент и советник на новиот филмски проект за Формула 1 кој е поддржан од Епл. Снимањето треба да започне наскоро на Гранд При настаните, а шпекулациите се проширија на почетокот на оваа недела дека Пит ќе вози со вистински болид на тренинг сесија на Британското Гранд При.

Предлозите филмската екипа да се води како 11ти тим предизвикаа коментар од возачот на ИндиКар, Колтон Херта, чиј премин во Формула 1 беше блокиран бидејќи не заработи доволно задолжителни поени за суперлиценца.

Како и да е, можноста Бред Пит да вози на реална сесија е логистички невозможна за да биде остварена. Наместо тоа, се смета дека планот е да има снимање на Пит сам на патеката во модифициран едносед, потенцијално во Ф2 или Ф3 болид. Ова снимање ќе помогне да се обезбеди позадина со вистински навивачи и целата инфраструктура да биде поставена на вистинска трка.

Хамилтон вели дека е постигнат напредок во филмот, откако јасно стави до знаење дека не сака филмот да заврши како фантазија што ќе го исмеваат вистинските фанови на Ф1. Запрашан за најновите планови за снимање на трките, Хамилтон рече:

Не го знам апсолутно секој план за сите различни работи што ќе ги правиме во падокот и сето тоа.

Во моментов сум повеќе фокусиран на тоа да бидам сигурен дека сценариото е онаму каде што треба да биде, така што целото време моментално оди таму. Се осигурав дека имаме навистина одлична и разновидна актерска екипа.

Тоа е еден вид фокус на режисерот Џо Косински да се погрижи да бидеме колку што е можно повеќе вградени во овој спорт и дека тој е актуелен. за мене, тоа е да се осигурам дека е автентично и дека сите вие и љубителите на трките ја гледаат неговата автентичност и велат дека ова е веродостојно.

Исто така, сакаме да имаме поглед на трките од поинаква перспектива од онаа што може да ја видите на ТВ.

Значи, трошам многу време во моментов за да им помогнам на Џо и тимот да го направат сценариото правилно и тоа е неверојатен процес. Навистина уживам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ