Хамилтон го почувствувал притисокот од “новиот Ботас“

Старо-новиот Формула 1 првак, Луис Хамилтон откри дека годинава го почувствувал притисокот од преродениот од подобрениот, како што сам се нарече, Валтери Ботас 2.0.

Финецот победи во Мелбурн на отварањето на сезоната и тоа во доминантен стил со повеќе од 20 секунди предност пред Луис, но мора да се каже дека и оштетување на болидот на Луис го овозможи тоа. Хамилтон одговори со победи на следните две трки, а Ботас победи во Баку, но по четири трки имаше предност поради поен за најбрз круг.

квалификациите во мелбурн беа добри, но трката ја загубив, имав штета и заоставував солидно. првите неколку трки вообичаено не се совршено добри за мене, но не беа лоши, всушност беа подобри од просечно, но секако дека имав зголемен притисок од валтери 2.0. беше многу густо на почетокот зтоа што по четири трки бевме 2:2 во победи.

морам да остама психички многу силен и не смеам да дозволам никакви надворешни влијанија, но човек сум и тоа е многу тешко да се направи – појасни луис.

По Азербејџанското Гранд При, Хамилтон победи на следните четири трки и направи солидна предност пред Валтери кој до крајот на сезоната “падна“ во формата и победи само на уште две трки.

константност во текот на трките беше многу важно за мене, но знаев дека морам да се подобрам и во здравствената состојба и работата во викендот целокупно. беше чудно затоа што во август си помислив дека веќе имам осум победи, а како екипа имавме 15 победи на крајот, но тие работи се забораваат затоа што се фокусирани на иднината и заборавате што било.

да бидам искрен некои од вторите места кога ги разделував ерари за мене беа навистина предобри затоа што не бев на пол позиција, а второто место изгледаше тешко достижно – се потсетува хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ