Хамилтон загрижен за скапите јуниорски серии

Луис Хамилтон смета дека еден од врвните приоритети на Формула 1 е да се намалат трошоците за учество на младите и талентирани возачи во јуниорските тркачки серии.

Чејс Кери, Главниот извршен директор на спортот најави дека сака да го ревидира патот на младите возачи до спортот, но проблем е тоа што истите стануваат се поскапи и од возачите се бара да донесат свои спонзори во тимот доколку сакаат да се тркаат. Се зборува дека за врвно место во Формула 3 тркачката серија возачот мора со себе да донесе неколку милиони евра, додека таа цена за Формула 2 е уште поголема.

Себастијан Фетел претходно зборуваше за овој проблем сметајќи дека неговата кариера ќе завршела многу рано доколку во негово време трошоците за тркањењ во јуинорските серии биле толку високи.

моторспортот е поинаков, погледнете ја формула 3 и таа е целосно различна од серијата што постоеше во мое време. формула рено веќе не е отскочна даска како што беше порано. гп3 и гп2 стануваат се поскапи, а така е и со картингот, а не смее да биде така. сето тоа е поради бизнисот кој е поврзан со тркањето.

се обидувам да најдам како да помогнам затоа што тоа ќе биде константен проблем и ќе продолжи да се потенцира, но јас сум ограничен. ќе пробам да работам со формула 1 и да ја ставам таа тема како нивни приоритет – најави хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ