Хамилтон: Заостануваме премногу, очајно ни треба потисна сила

Луис Хамилтон верува дека на болидот W14 на Мерцедес суштински му недостасува потисна сила и инсистира на тоа дека тимот од Брекли бил километри далеку од обезбедување на подиум на Гранд При трката во Бахреин минатиот викенд.

Хамилтон се квалификуваше како седми, само едно место зад Џорџ Расел, но, седумкратниот светски шампион веднаш го престигна својот тимски колега и Фернандо Алонсо од Астон Мартин за да се најде на петтата позиција, каде што на крајот и заврши.

Состојбата на трката сугерираше дека Мерцедес е можеби поблиску до пласман на подиумот отколку што беше видливо по квалификациите, но британецот, кој на крајот беше претекнат од Фернандо Алонсо, имаше корист од откажувањето на Шарл Леклер, беше категоричен дека подиумот никогаш не бил возможен.

Бевме километри далеку. Имаше Ферари пред Алонсо, така што навистина ќе бевме шести. Значи подиумот не беше ни блиску – искрен е седумкратниот првак.

Мерцедес се одлучи за стратегија на меки-тврди-тврди гуми, но деградацијата на W14 го попречи темпото на болидот и го принуди Хамилтон да ги скрати своите серии.

Генерално се чувствуваше исто како и минатата година. Кога ја направивме стратегијата наутро, им реков на момците дека нема да издржат толку многу колку што они сметаа.

имаме многу работа. Треба само да додадеме потисна сила на болидот, ни недостига многу потисна сила.

Штом ќе ставиме поголем товар на задниот и предниот дел, ќе го забрзаме тоа темпо.

Запрашан дали е загрижен за маката на неговиот тим, Хамилтон рече дека ќе продолжи да се труди и да го извлече најдоброто од ситуацијата.

Не можам да кажам ништо, не сакам да кажам премногу, Само треба да продолжиме да работиме.

Знаеме дека не сме таму каде што треба да бидеме и знаеме дека ова не е вистинскиот болид. Тоа е тешко.

Но, само треба да се обидам да останам позитивен, да ја држам главата горе и да ги притискам момците. Да се трудам да бидам позитивен за нив и да освојам најмногу поени што можам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ