Хамилтон за Верстапен: Разликите меѓу нас се бајка

Луис Хамилтон зборуваше отворено за својот однос со Макс Верстапен и очигледната тензија помеѓу двајцата. 

Тие водеа жестока борба во 2021 година кога Верстапен ја освои титулата, но работите се оладија во 2022 година откако Мерцедес не можеше да му конкурира на Ред Бул и Верстапен лесно ја освои втората титула со 15 победи зад себе. 

Сите зборуваат за проблемите помеѓу мене и Мак,. Но јас го почотувам. Проблемите и разликите се само бајка – посочи седумкратниот првак.

Верстапен дојде до титулата на контроверзен начин откако го престаса во последниот круг на последната трка. ФИА прифати дека тоа било човечка грешка и го замени директорот за трка. Двајцата не водеа честа борба во текот на оваа сезона но имаа блиска борба во Бразил. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ