Хамилтон за коментарите на Верстапен: Знак на слабост

Луис Хамилтон смета дека скорешните коментари на Макс Верстапен се смешни, но и смета дека се знак на слабост.

Шесткратниот првак има шанса да се изедначи со 7те титули на Михаел Шумахер, рекорд на сите времиња, доколку продолжи со својата серија наслови и стане првак и оваа 2020 година.

Верстапен заедно со Ред Бул целат да го симнат Мерцедес и Луис од тронот, а неодамна Макс појасни дека смета дека “Хамилтон е еден од најдобрите, но не е Господ“.

Во пресрет на првото возење на В11 болидот, Луис беше запрашан за свое мислење околу коментарите на колегата на што изјави:

смешно ми е што го прочитав тоа. познат сум по тоа што моето зборување го правам на патеката, а преку весниците е само одраз на слабост.

Тој појасни дека смета оти неговиот колега, Валтери Ботас, заедно со вообичаените возачи ќе му зададат најголема главоболка оваа тркачка сезона.

Во пресрет на својата 8ма сезона со Мерцедес, Хамилтон е релаксиран пред почетокот на тестирањата и вистинските предизвици кои следуваат.

во овој момент од годината не чувствувате никаков притисок и само се забавувате. фокусирани сте, но уживате во моментот. момците работеа напорно да склопат одличен болид, а на мене и валтери е да го возиме.

ова ќе биде моја трета година со тимт и возбудата е присутна како и секогаш, сите се возбудени и ентузијасти. тоа е импресивно затоа што сме долго време успешни и лесно е да се опиштиме и да бидеме победени.

сите се целосно фокусирани и има многу работа во позадина да се заврши за се да помине во најдобар ред на тестирањето. свесни сме дека предизвикот пред нас е огромен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ