Хамилтон: Камбекот во Баку покажува дека уште сум гладен

Луис Хамилтон вели дека неговото жестоко закрепнување на трката за Големата Награда на Азербејџан во Формула 1 по губењето на позиции под безбедносното возило покажува дека гладта кај него сèуште постои.

Хамилтон беше петти во раните фази, но заедно со првичниот лидер на трката, Макс Верстапен, тој беше еден од неколкуте возачи кои влегоа во бокс под услови на зелено знаме непосредно пред да се појави безбедносното возило. Многу од неговите ривали влегоа во бокс потоа, поради што Хамилтон падна на 10то место.

Под безбедносното возило неизбежно звучеше фрустрирано на радио. Сепак, на рестартот, тој го остави тоа разочарување зад себе и веднаш освои три места, вклучувајќи и едно од тимскиот колега од Мерцедес, Џорџ Расел. Подоцна го помина Ленс Строл откако канаѓанецот направи грешка, пред да појде во потера по Карлос Саинз до крајот на трката и на крајот да заврши шести.

Но, Хамилтон призна дека безбедносното возило се случило во погрешен момент за него.

Па нормално, бидејќи толку многу работа оди во викендот, имавме тежок ден во Сабота каде што се вративме наназад, а потоа денес се надевав на подобар ден и изгубив толку многу места, тоа е дефинитивно голем удар.

Но тоа е што е. Мислам дека денешниот ден покажува дека гладта е тука И штом ќе ја добијам таа доверба во тој болид, темпото ќе се појави на виделина – вели седумкратниот првак.

Хамилтон инсистира на тоа дека се обидел да го остави своето разочарување зад себе при рестартот.

Не можев да се заглавам во таа фрустрација, дека ги изгубив сите тие позиции. Морав само да ја држам главата надолу и да се фокусирам на нападите и тоа го направив.

Ја спуштив главата, веднаш се вратив во трката И навистина уживав во тие битки. сум горд на мојот тим што само ја држеше главата надолу. Го немавме темпото што го имавме на последната трка, што очигледно не е најдобро, Но нема недостаток на мотивација во оваа екипа.

Сите ние сме супер гладни, само работиме на тоа да ги добиеме тие надградби. Така, мислам дека ова е почеток на нешто што се надевам ќе биде подобро во следните трки.

Во еден момент за време на бркањето на Саинз, Хамилтон го праша тимот дали може да му овозможи поголема моќ додека се бореше да го задржи чекорот со Ферарито, но прифати дека ја нема брзината на правците на неговиот ривал.

тие се само малку побрзи на правецот од нас. Дури и со отворен ДРС, тој беше брз по правецот. Следењето низ тој среден сектор не беше толку лесно, но дадов сè.

Возачот секогаш сака повеќе моќ. На крајот тие ја скратија ДРС зоната оваа година, не знам баш зошто го направија тоа. Отсекогаш сме имале одлични трки каде имаме поголем ДРС.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ