Хамилтон: Мерцедес мора да се “фатат за работа“ веднаш

Луис Хамилтон ја советува својата екипа на Мерцедес да се “фатат за работа“ веднаш штом заврши паузата од првенството.

Хамилтон вели дека е во постојан контакт со неговите колеги и се обидува да најде начини да се осигура дека тимот ќе биде подготвен кога ќе продолжат трките. 

Се надевам дека ќе се вратиме подобри. Најверојатно ќе влеземе во болидот на петочниот тренинг, а ќе бидеме премногу “р’ѓави“. Ќе биде навистина интересно кога ќе почнеме, Но разговарам со мојот тим, зборував со Боно и со Џејмс и разгледувавме планови.

Мора да се осигураме дека ќе ги искористиме сите алатки кои ги имаме на располагање, како и симулаторот, што не ми е омилен, но користење на тие алатки за да стигнеме на трката и да работиме напорно од самиот почеток.

Но, како да стигнеме во Австрија како веќе да сме возеле осум трки? Тоа ќе биде големиот предизвик. Не знам дали ќе успееме, но тоа е добра цел. Ако ние не се подобриме, а растеме во овој период, тогаш што правиме? Очигледно го губиме времето.

Ништо нема да ни биде подарено, мора да посегнеме по тоа што го сакаме и мора да го посакуваме повеќе од нашите ривали. Не може да седите на задникот и тоа да се случи.

Јас сум во прилично добра форма, но секогаш може да бидам во подобра. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ