Хамилтон: Немам ништо против Албон

Луис Хамилтон објасни дека нема ништо против Алекс Албон и покрај тоа што втор пат се судрија на последните три трки и повторно Албон го извлече подебелиот крај, а Хамилтон продолжи.

По последното безбедносно возило Луис беше на второ место, но Ред Бул беше зад него со силен ритам и нови софт гуми. Алекс беше очигледно побрз од актуелниот првак и веднаш напаѓаше. На 4та кривина тој се обиде да миен од надвор, грипод од гумите му го дозволија тоа, но иако беше со голем дел од болидот пред Луис, предното лево тркало од Мерцедес удри во Албон и тој се изврте.

Стјуардите решија дека Хамилтон погрешил и го казнија 5 секунди поради што тој заврши на 2ро место, но официјално беше 4ти во поредокот. По трката, актуелниот шампиопн изјави дека по него, контактот бил обичен тркачки инцидент.

имам огромна почит за алекс, тој е супер талентиран млад возач и немам никакви лоши чувства или намери кон него.

во бразил влетав директно во него, беше целосно моја грешка и мој проблем со кој се соочив достоинствено. мислам дека денеска беше повеќе тркачки инвидент.

тој беше на многу подобри гуми, влеговме заедно во кривината, јас сакав да го блокирам и на тој начин даси ја заштитам позицијата, вообичаено влегов во кривината, но некако ми се подзакочија тркалата.

патекта е таква што многумина имаат подупавување во тој дел, но јас не стиснав на педалот на гас затоа што ми требаше забавување, а тој веднаш забрза. имаше цела ширина на болид лево од себе и на крајот се допревме.

беше несреќен инцидент затоа што никој не сака контакти. но, ја почитувам одлуката на стјуардите затоа што немам намера да се расправам – изјави хамилтон.

Тој откри дека по крајот на трката му се извинил на Албон, но и понатаму семта дека било нормален тркачки инцидент.

му се извинив пред да ја видам снимката на интервјуата зато што во жештината на моментот ги немаме сите агли на се и може погрешно да заклучиме нешто. потоа ги гледав снимките и стојан на своето дека е обичен тркачки инцидент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ