Хамилтон нервозно: Јас кажувам кога ќе престанам

Луис Хамилтон постираше доста нервозен коментар на социјалните медиуми, а по изјавите на доктор Хелмут Марко од Ред Бул дека требало да се пензионира на крајот од минатата сезона.

Откако седумкратниот првак ја заврши Гранд При трката на Емилија Ромања на разочарувачкото 13то место, доктор Марко изјави дека требало да се повлече од спортот лани кога веќе ја загубил титулата од Макс Верстапен. Џони Херберт, моментално аналитичар во спортот и трикратен победник на трка, веднаш застана во одбрана на британецот, критикувајќи го Хелмут.

На лошите перформанси на Луис се ситеше и Јос, таткото на Макс, откако возачот на Мерцедес беше минат за цел круг од Верстапен на трката на Имола. Кристијан Хорнер беше повеќе дипломатски настроен посочувајќи дека невозможно е толку успешен возач да заборавил да вози и дека не смее да се потценува.

работам на себе. јас ќе бидам оној кој ќе реши кога ќе престанам – напиша хамилтон на инстаграм, објава што привлече многу коментари, позитивни и негативни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ