Хамилтон не верува дека Ботас намерно го задржувал

Луис Хамилтон вели дека не смета оти Валтери Ботас го задржувал позади него во обид британецот да загуби место на подиумот.

Хамилтон доби казна од 5 секунди пред крајот на трката откако стјуардите го прогласија за виновен во дуелот со Александер Албон од Ред Бул. Шампионот падна на 4то место кога Ландо Норис со најбрз круг успеа да го премине во самата завршница за последното место на подиумот.

Го познавам Валтери подобро од многу луѓе поради тоа што работиме заедно повеќе години. Тоа не е нешто што ми падна на памет и никогаш не би помислил дека тој би го сторил тоа. 

Тој е чист тркач и сака да победи на чист начин. кога ќе го каже тоа, му верувам, иако не мора да го каже тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ