Хамилтон не попушта, повторно ја критикува казната за Ред Бул

Постои загриженост дека попустливоста во казнениот систем ќе доведе до дополнителни прекршувања.

Луис Хамилтон повторно ја критикува казната изречена кон Ред Бул за прекршување на буџетскиот лимит на Ф1 во 2021 година.

Извештаите пред Унгарското ГП сугерираа дека два или три тима ја надминале границата за сезоната во 2022 година, иако ФИА излезе и ги отфрли наводите како фактички неточни.

Но, загриженоста за идните прекршувања произлезе од она што се сметаше за лесна казна за Ред Бул, кој доби казна од 7 милиони долари и намалување на аеродинамичкото тестирање за 10 проценти, со тоа што тимот од Милтон Кинс ја продолжи својата доминација над остатокот од гридот.

Запрашан колку е загрижен поради можноста тимовите да одлучат дека вреди прекумерно трошење поради очигледната попустливост во казните, Хамилтон изјави:

Дефинитивно ме загрижува.

Минатиот пат навистина не беше голема казна, па ќе има луѓе кои повторно ќе одат на тоа и ќе знаат дека само ќе добијат потапшување по рамо.

Додека Ред Бул доминираше над остатокот од Ф1 гридот, трката за најдобар од останатите се одвиваше меѓу Мерцедес, Астон Мартин и Ферари во првите 10 трки оваа година.

Мекларен го изненади триото со неверојатен пакет надградби за да заврши на второто место на Големата Награда на Британија.

За тоа дали чувствува дека Мерцедес флуктуира во своите перформанси, Хамилтон изјави:

Не сметам дека одиме напред и назад.

Мислам дека полека одиме напред, но и други одеа напред, а некои прават поголеми чекори од нас.

Но, позитивната работа е што одиме напред. Работиме да направиме поголеми чекори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ