Хамилтон не сака да се навраќа на Абу Даби

Луис Хамилтон изјави дека се мачел во Абу Даби бидејќи го потсетувало на минатата сезона кога ја загуби титулата. 

Тој беше на пат да ја освои рекордната осмата титула, но во последните кругови ја загуби. Подоцна се повлече од јавноста неколку месеци во делумни припреми за новата сезона иако се шпекулираше дека ќе се повлече од спортот. 

Не ми беше убаво кога дојдов таму. Не знам, нешто ми кажуваше дека не сакам да сум таму. Да бидам искрен бев само во мојата соба и се припремав. Останав фокусен на последната трка, Но мислам дека доживеав различни моменти кои би сакал да ги заборавам. Тоа беше тежок момент за повеќе луѓе. Се мачевме, но мора да живеам со спомените и да сум благодарен на секој нов ден. Сакам да ги тргнам негативните работи и да работам и напредувам. 

Тој признава дека бил изненаден од подршката која ја добил откако ја загубил титулата. 

Дефинитивно не го очекував тоа, но добив голема подршка од фановите. Добив многу љубов минатата сезона и сакав да се вратам посилен, но сепак немав шанса. Подршката од трибините беше огромна. Благодарен сум на тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ