Хамилтон објаснува зошто Сена бил посебен

Не е тајна дека седумкратниот шампион, Луис Хамилтон, е огромен фан на Аиртон Сена, но британецот откри што го инспирирало и зошто смета оти бразилецот е посебен.

Неодамна Луис беше запрашан за возачот на кого најмногу му се восхитува и без двоумење го кажа Сена.

аиртон сена ми е омилен поради начинот на кој возеше и поради тоа колку беше важен поради личноста. имаше огромно влијание на огромен број на луѓе. не успеав да го запознаам поради моите години, но знам дека бил обожуван.

секако дека ценам и други возачи како на пример михаел шумахер кој создаде уникатна сплотеност со тимот затоа што јас знам колку е тоа тешко. екипата е како голем брод со многу луѓе, но мора да се осигурате дека сите тие се движат во правилна насока – вели хамилтон.

Освен восхит за возачите кои биле дел од спортот пред него, тој исто така пофали и ѕвезди од спортот кој одбележале една ера. За Хамилтон, вистински херој е оној кој остава впечаток надвор од спортот.

кога бев млад, мој крал беше мохамед али. како спортист, активист и фантастична личност како што беше тој, гласноговорник. тој беше многу интелигентен и успеваше да најде начин да зборува. немаше никој како него.

освен него, ја почтувам и серена вилијамс. таа е една од најголемите спортисти кои сум ги видел, феноменална е. исто така би го додал и тајгер вудс во оваа група.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ