Хамилтон откри дека Браун бил клучен за неговиот трансфер

Луис Хамилтон откри дека Рос Браун бил клучен човек кој го убедил да дојде во Мерцедес за 2013 година откако по првичниот разговор со Ники Лауда, не бил целосно убеден во успешноста на проектот.

Британецот ја освои 7та шампионска титула минатиот викенд во Турција за да се изедначи по бројот на титули со Михаел Шумахер, а шест од своите наслови се освоени со Мерцедес.

На крајот од 2012 година Луис замина од Мекларен и потпиша за Мерцедес, шокантен потег во тоа време, но само по две години докажа зошто донел таква одлука. Познато е дека Ники Лауда е главен виновник за трансферот на Луис во Бракли, а нивното пријателство цветаше во годините кои следуваа.

Но, Хамилтон неодамна откри дека останал неубеден во проектот на Мерцедес по првичниот разговор со Лауда, така што Рос Браун, тогаше прв човек на Мерцедес, бил оној кој го убедил да потпише за екипата.

зборував со ники дома во монако, разговаравме и преговаравме да минам во мерцедес. сигурен сум дека тој беше прв човек од тимот со кој разговарав и тој од самиот почеток ми велеше дека морам да дојдам кај нив.

на почетокот не бев убеден во проектот и мислам дека почнав да станувам убеден во проектот кога рос дојде во куќата на мајка ми, седна до мене во кујната, пиевме чај и ми го образложи целиот план на тимот.

тој ми даде вистинска внатрешна слика на тоа што се планира во тимот и промените кои ќе се направат. со тој негов потег навистина ми го “продаде“ тимот и ме натера да потпишам договор – се присетува хамилтон.

Клчен момент во одлуката на Хамилтон била во 2012 година на трката во Сингапур кога тој се сретнал со Лауда, а пет денови подоцна бил потпишан и официјален договор. Тој се присетува дека Сингапур било важен момент за почетокот на нивното пријателство и од тогаш тој сфатил некои работи за Лауда, некои предрасуди кои ги имал за него.

најважен дел од сингапур беше тоа што нас и ники сфативме дека имаме многу заеднички работи. тоа беше почеток на наше искрено пријателство, се сеќавам дека ми кажа дека сме многу слични. мислам дека тој сфати дека имаме многу повеќе заедничко одошто претходно мислел затоа што се имавме среќавано и порано.

ќе повторам, ни во најдлабок сон не ни помислував дека ќе дојдам до седум титули. освојувањето на првата беше одлично, беше тешко да се стигне до втората и многу работев да му помогнам на тимот да доминира.

знам дека донесов правилна одлука со доаѓањето во мерцедес, знам дека е вистински потег за мене, но ни на сон не ми беше дека ќе успеам да дојдам до шест титули.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ