Хамилтон: Побавни сме од Ред Бул за 1,5 секунди

Луис Хамилтон тврди дека неговиот тим Мерцедес е побавен за 1,5 секунди од ривалот Ред Бул. 

Ред Бул доминираа на првата трка победувајќи во доминантен 1-2 стил. Мерцедес се надева да напредува оваа сезона по катастрофалната година лани, но завршија со заостанување од 50 секунди. Хамилтон заврши на 5та позиција додека Расел беше две места поназад. 

Не е до правците. минатата година имавме поголем проблем со отпорот. Не се мачиме само на правците, моравме да имаме поголемо задно крило за да се изедначиме, но се мачиме и во свиоците.

Оваа сезона е најмногу до свиоците. Мислам дека правците се брзи, Но на излезот немаме сила. Мислам дека на трка не се форсира. Тие се многу побрзи од тоа што мислиме. Поспори сме за 1,2 секунди – објасни седумкратниор првак 

Хамилтон сепак верува дека тие ќе напредуваат иако се многу далеку од победа на трка. 

Да се бориш за титула треба да се подготвиш од почетокот на сезоната, но тоа не е случај. Мора да имаме различен пристап во однос на фитнес и ментален пристап, Но сега не се бориме за тоа.

Треба Ред Бул и Ферари да не завршат трка, можеби и Астон, за да може да победиме. Сакаме предизвик и сакаме да сме напред, но сега не сме таму. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ