Хамилтон подготвен да направи се за да победи

Луис Хамилтон вели дека е порешителен да победи од кога и да било, додека се подготвува да излезе на патеката за прв пат со новиот болид на Мерцедес W14 за 2023 година.

Минатата година Хамилтон ја доживеа својата прва сезона без победа во Формула 1 откако дебитираше во Австралија во 2007 година, што предизвика шпекулации дека можеби ќе одлучи да го следи Себастијан Фетел во пензија. Но, немаше никаков знак за тоа на промоцијата на болидот во средата во седиштето на тимот во Брекли, при што седумкратниот шампион Хамилтон одвај чека на борбата со цел да ја врати својата круна од Макс Верстапен и Ред Бул.

Возбуден сум што повторно ќе се тркаме. Се чувствувам смирено, енергично и имам остар фокус. Подготвен сум да го направам она што е потребно за да победам – посочи британецот.

Клучно за неговата обновена решителност е перспективата за тоа што ќе може да направи новиот W14, во споредба со минатогодишната шасија која претрпе голем број проблеми, вклучително со потскокнувањето и големиот отпор кој го генерираше.

Да се види еволуцијата на болидот и промените што се направени е фасцинантно. Редизајниравме, оптимизиравме и иновиравме толку многу делови од болидот и тоа е импресивно.

Ја сакам новата боја, Значи дека сме подготвени за борба.

Хамилтон, исто така, рече дека многу подобрената шасија од 2023 година е доказ за напорите и креативноста на сите инженери во Мерцедес.

Јас сум дел од овој тим повеќе од една деценија и напорите на сите никогаш не престануваат да ме воодушевуваат. Сметам дека е инспиративно колку трудољубиво и страсно секој човек пристапува кон својата работа.

Неговиот тимски колега Џорџ Расел е многу поново засилување во тимот, откако го имаше своето деби за Мерцедес пред само 12 месеци. Но, тој е исто толку изненаден од работата што е направена за оживување на тимот.

Бев неверојатно импресиониран од тоа како тимот го развиваше болидот во текот на минатата сезона.

Градевме моментум во текот на 2022 година и возбудени сме да видиме како тоа напредуваше во текот на зимата. Беше долга зима и има голема желба да видиме дали W14 ги исполнува нашите очекувања.

Естетски, новиот болид изгледа одлично. Храбар е, агресивен и се истакнува. Возбуден сум. Но, има многу разговори во овој момент од сезоната. Сега треба да видиме како ќе се претставиме кога болидот ќе излезе на патеката.

Присутен на официјалното претставување беше и новиот тест и резервен возач на Мерцедес, Мик Шумахер. Неговиот татко Михаел, не само што беше седумкратен светски шампион, тој беше еден од првите возачи за фабричкиот тим на Мерцедес Ф1 во 2010 година.

Отсекогаш се чувствував многу близок со Мерцедес. Многу сум среќен што сум дел од тимот и знам колку важна ќе биде мојата улога во помагањето на развојот на W14.

Посветен сум да дадам се од себе за да придонесам за нашите перформанси во оваа конкурентна средина.

По кратката демо возење во средата, Мерцедес најверојатно ќе изврши краток тест користејќи еден од нивните денови на снимање во Четврток, пред да се упати на меѓународната патека во Бахреин на тридневно официјално предсезонско тестирање од 23 до 25 Февруари. По тоа, само прашање на денови е почетокот на Гранд При викендот во Бахреин, првата трка од светскиот шампионат во Формула 1 во 2023 година, закажана за Недела, 5 Март.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ