Хамилтон под истрага, ќе ја задржи ли пол позицијата ?

Луис Хамилтон доминантно стигна до нова пол позиција на Руското Гранд При, но по крајот на сесијата беше повикан на сослушување кај стјуардите за прекшување на лимитите на патеката.

Британецот постави нов рекод со својот последен круг во К3 и беше класа за останатите на денешната сесија по што дојде до 5та последователна пол позиција и вкупно 8ма годинава.

Сепак, тој е под истрага откако не успеал да ги испочитува петочните инструкции на Мајкл Маси кој опиша како точно треба да се приклучат на патеката возачите кои нема да успеат соодветно низ првата кривина.

Британецот имаше проблем во К2 и едвај мина во последнот квалификациски сегмент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ