Хамилтон: Поинтересно е да се бориш одошто лесно да победиш

Луис Хамилтон посочи дека уживал во напредокот од 19то до 5то место на Италијанското Гранд При потенцирајќи дека таквите трки се многу поинтересни одошто лесна победа со старт од пол позиција.

Откако тргна од последниот ред поради промена на мотор на Монца, седумкратниот првак имаше лош прв круг во кој не напредна ниту една позиција. Но, следуваше силен напредок, на крајот дури и се надеваше дека ќе го предивика Карлос Саинз за 4то место, иако доцното безбедносно возило го уништи то.

илјада пати е поголемо уживање да се борите и тркате против луѓе. кога ја почнав кариерата во картинг имав стар картинг, буквално скрпен и секогаш стартував од позадина со стари гуми, но многу уживав.

стартот на монца ме потсети токму на тогаш, но забавата беше огромна. предизвикот е поголем и преферирам да се борам со луѓе одошто сам да возам напред. победата е нешто посебно, но идејата да се претекнува и напредува возбудува. напредокот е одличен – смета хамилтон.

Во текот на првиот круг тој имаше мало оштетување на дел околу тркалото.

не се допрев со никој, барем така мислам, но видов како летаат некои делови од други болиди и го подогија мојот и мислам дека тоа ми направи штета. такви работи се лсучуваат, тој дел беше оштетен и вибрираше, некако ми сметаше во прегледноста, ме збунуваше.

Луис призна дека бил фрустриран од доцното безбедносно возило кое му оневозможило да се обиде да го нападне Саинз против кого имал предност во однос на гумите.

меките гуми почнаа да губат перформанси и мислам дека ферари запреа по нов сет, така што веројатно ќе можев да го минам асинз, но како и да е, уживав додека се борев со останатите, полека напредував иако пред трката имав голем предизвик.

природно, јас сум тркач, сакам само повеќе, сакам д можам д ги предизвикам ферари и да добијам позиција повеќе. но, веројатно трката беше добра, благодарен сум што се вратив од последниот ред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ