Хамилтон: Последиците од корона вирусот ми наштетија

Луис Хамилтон призна дека не бил во можност да даде се од себе на трката за Големата награда на Абу Даби поради последиците од корона вирусот кој сеуште ги чувствува.

Возачот на Мерцедес се врати на последната трка оваа сезона откако ја пропушти претходната во Бахреин, но призна дека сеуште не е целосно закрепнат. Откако заврши на трето место зад Макс Верстапен од Ред Бул и колегата Валтери Ботас на Јас Марина, тој изјави дека не се чувствува добро и не е во полна форма.

Ова беше тешка трка за мене. Цела година бев физички максимално подготвен, но денес не бев. Мило ми е што се заврши затоа што Физички многу сум исцрпен.

Мислам дека ова ми се нема случено. Моето тело не е добро и добро е што трката помина. Минатата недела не мислев дека ќе сум тука.

Благодарен сум што сум жив и со нетрпение чекам да закрепнам во наредниот период. Мора да продолжам со тренинзите и да се вратам каде што бев – изјави заморениот седумкратен првак по трката.

Хамилтон и Ботас не можеа да му парираат на Верстапен во Абу Даби бидејќи Ред Бул беше побрз од очекуваното.

Ред Бул беа доста брзи и беа далеку од нас. Не можевме да го држиме тоа темпо.

Дури и вториот возач на тимот, индиспонираниот сезонава Алекс Албон, се доближуваше при крајот до Луис Хамилтон и неговото 3то место.

Беше одлично што Алекс почна да не стига. Имаме два тима во борба и тоа е тоа што му треба на спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ