Хамилтон предупредува: Ќе “газам“ годинава

Луис Хамилтон најави дека “ќе биде како машина“ со намера да ја прегази конкуренцијата претсојнава тркачка сезона кога има намера дополнително да го подигне нивото како никогаш до сега.

Тој ова го напиша на својот Инстаграм профил каде постираше слика од дома велејќи дека среќата која ја чувствува во моментов ќе го направи подобар од било кога оваа тркачка сезона.

да се има док кој толку многу го сакам и да се создадат многу убави спомени ми дава среќа која никогаш не сум помислувал дека ја заслужувам. задоволен сум што сум овдека и што можам психолошки да го фокусирам умот и телото за да се враќам на патеките секоја година. сезонава ќе бидам како машина, ќе бидам на до сега невидено ниво. ширете љубов и позитивност каде и да одите – напиша хамилтон.

Британецот неколку пати спомна дека неговата 2019 година била најдобра до сега и моментот кога стигна до својата 6та шампионска титула по неубедливиот старт кој го имаше со Мерцедес.

кога ја почнавме сезоната, болито не беше воопшто едноставен да се вози. не беше добар на тестирањето, не можевме да го оптимизираме кко што треба и до крајот н последниот тест ден работевме на тоа. на првата трка постигнавме добри резултати благодарение на добрата и напорна работа на тестирање – изјави луис по крајот на сезоната.,

Тој исто така објасни оти смета дека се подобрува како возач и дека годините не го забавуваат.

не мислам дека имам некои особено слаби области. ако се фокусирате на една работа целосно, секак одека другата област страда. мислам дека можам физички да бидам посилен, но формула 1 одредени барања и немате потреба д трчате маратори секој ден.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ