Хамилтон: Резултатот од Унгарија доволно зборува за болидот на Макс

Откако години по ред го имаше најдоминантниот болид на гридот со кој се прошетуваше до победи, Луис Хамилтон посочи дека резултатот и перформансите на Макс Верстапен на Унгарското Гранд При доволно говорат за Ред Бул РБ18 пакетот на тимот.

Актуелниот првак стартуваше од 10то место по проблеми со моторот на квалификациите, но имаше мудра и навремено одработена стратегија, така што успеа да победи со 10 секунди предност пред воторпласираниот Хамилтон. Луис, сепак, не е изненаден со оглед на перформансите на болидот.

фактот што макс стартуваше од 10то место, се изврте и победи со 10 секунди, доволно говори за перформансите на неговиот болид – изјави хамилтон.

Со победата, Макс направи предност од 80 поени во возачкиот поредок пред Леклер од Ферари. Џорџ Расел, од друга страна, е само 20 поени од борбата за 2ро место кај возачите поради својата константност, додека Хамилтон е 12 поени зад него.

се надевам дека ќе се бориме за победи, тоа е нашата цела. мислам дека имаме потенцијал, а викендот во будимпешта покажавме дека имаме брзина и за победа.

го видовте џорџ на пол позиција и ако јас немав проблеми и ако работевме повеќе како тим, ќе бев до него затоа што стратешки мораме повеќе да се поддржуваме.

мислам дека во вториот дел на сезоната ќе бидеме побрзи и ќе можеме да се бориме со момците кои сега се пред нас. унгарија беше прва трка на која можев да се борам со ферари, тоа е огромно достигнување за нас, а ред бул веројатно се уште малку пред нас.

сеуште имаме огромен простор за напредок и мораме да бидеме константни, а двата двојни подиуми на последните две трки ни даваат надеж за повеќе во останатиот дел од сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ