Хамилтон се надевал дека Алонсо ќе биде на пол

Луис Хамилтон изјави дека се надевал оти неговиот поранешен колега, Фернандо Алонсо, ќе биде на пол позиција во Монако. 

Во последните секунди, Макс Верстапен извозе неверојатен последен сектор и дојде до пол позицијата. Хамилтон го пофали Астон Мартин за сработеното оваа сезона. 

Ќе земам се што можам. Мора да се потпреме на другите и Треба да му кажеме фала на Чеко. Окон дојде од никаде со извонреден круг. Се надевав на Алонсо на пол, Но бев изненаден од тоа што Ред Бул е пребрз. Астон може да им парира бидејќи завршија одлична работа. Среќен сум за нив – гласи куста анализа на седумкратниот првак.

Хамилтон излета на третиот тренинг, но обезбеди шеста стартна позиција на трката, која стана 5та по казната на Шарл Леклер.. 

Средниот сектор е таму каде што најмногу губиме. Мала промена ми направи да ми се потешки другите два сектора. Се мачев да ги загреам гумите и сакав да направам нешто повеќе, Но на квалификациите успеав да свртам добар круг и благодарен сум за тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ