Хамилтон “се отвори“ за односот со татко му

Во емотивен пост на социјалните мрежи, Луис Хамилтон “се отвори“ во врса со односот со својот татко велејќи дека со тек на време ја загубиле блискоста и веќе некое време работеле да ја вратат истата.

Шестркатниот првак секогаш вели дека татко му Антони е клучниот човек во почетоците од неговата тркачка кариера затоа што работел неколку работи за да успева колку-толку да ја финансира неговата тркачка кариера и тоа му помогна да стане дек од Мекларен со само 13 години.

Од 2010 година Антони повеќе не е дел од менаџментот на Луис по што двајцата станаа подалечни еден од друг, а во одреден момент престанале дури и да разговараат. Минатата година Антои беше многу често во падокот и гаражата на Мерцедес, така што нивниот однос почна да се враќа во нормала.

35-годишниот првак оие зимски подготовки за сезоната која следи ги мина во друштво на татко си, така што Антони е присутен на сите тренинзи на синот.

нашето паташествие не беше лесно, се соочивме со многу препреки како индивидуи, но и како семејство. татко ми и јас немавме многу хармоничен однос, тој работеше многу напорно за да ние, семејството имаме можност и поради него сум тоа што сум денеска.

во потрага по успех со сиот притисок кој беше над нас, се заборавивме и се одалечивме од тоа што е најважно, нашиот однос. со тек на време ја загубивме онаа врска на татко и син и долго време сакаме да си го вратиме тој однос.

минатите неколку години за време на зимскот период се зближуваме и оваа година побарав од него да ме посети за да минеме повеќе време заедно. вака не било порано, минуваме многу квалитетно време и тоа не зближи и не прави двајцата среќни. сакам да го псоделам ова со сите фанови – напиша хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ